Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во средата соопшти дека одлучила да ја задржи максималната каматна стапка на благајничките записи на нивото од 3,5 отсто, со оглед на најновите макроекономски, пазарни и финансиски показатели. Во услови на одржување на ликвидноста во банкарскиот систем на стабилно и адекватно ниво, НБРМ одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ (24.020 милиони денари). На домашните финансиски пазари, во јануари 2013 година беше забележана зголемена меѓубанкарска активност. Прометот на пазарот на депозити забележа релативно висок пораст на месечна основа, при што најзастапени се трансакциите со рочност преку ноќ. Релативно високо учество во вкупниот остварен промет имаа и трансакциите со подолга рочност (1 недела и 3 месеци), што укажува на одржување висока доверба помеѓу пазарните учесници на овој сегмент од финансиските пазари.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во средата соопшти дека одлучила да ја задржи максималната каматна стапка на благајничките записи на нивото од 3,5 отсто, со оглед на најновите макроекономски, пазарни и финансиски показатели.
Во услови на одржување на ликвидноста во банкарскиот систем на стабилно и адекватно ниво, НБРМ одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ (24.020 милиони денари).
На домашните финансиски пазари, во јануари 2013 година беше забележана зголемена меѓубанкарска активност, соопшти НБРМ.
Прометот на пазарот на депозити забележа релативно висок пораст на месечна основа, при што најзастапени се трансакциите со рочност преку ноќ. Релативно високо учество во вкупниот остварен промет имаа и трансакциите со подолга рочност (1 недела и 3 месеци), што укажува на одржување висока доверба помеѓу пазарните учесници на овој сегмент од финансиските пазари.
На девизниот пазар, пазарните движења беа стабилни, а на меѓубанкарскиот пазар беше забележан умерен раст на понудата на девизи. Во такви околности, Народната банка оствари откуп на девизи од банките-поддржувачи.
Динамиката на раст на девизните резерви е во согласност со очекувањата, при што и понатаму девизните резерви се одржуваат на адекватно ниво и се доволни за апсорбирање на евентуални неповолни шокови.
Првичните податоци за кредитниот пазар за јануари укажуваат на се' уште „анемична“ кредитна активност, што во услови на висока ликвидност во банкарскиот систем, упатува на се' уште присутни согледувања за ризик и воздржаност од поголемо кредитирање, се вели во соопштението на НБРМ.
Притоа се истакнува дека променливоста и непредвидливоста на светските цени на примарни производи, како и се' уште неизвесното надворешно окружување остануваат главните извори на ризици.